БЛАЗЕ СИ ИМ – Овие граѓани месецов ќе добијат зголемување на примањата од 5.409 денари

БЛАЗЕ СИ ИМ – Овие граѓани месецов ќе добијат зголемување на примањата од 5.409 денари

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Канал77, кажа дека не се создава дисторзија со растот на минималната плата и дека наскоро преку Законот за плати праведно ќе се исплаќаат вработените во јавниот сектор.

-Со минималната плата не е засегнат само јавниот сектор, туку сите работници во земјава, ои се околу 700 илјади граѓани. Со растот на минималната плата им помагаме на нашите сограѓани – работниците.

Ќе продолжам да поддржувам раст на минималната плата и нема работникот од тука да биде продаван како евтина работна сила, девет илјади денари беше до пред некоја година минималната плата, а сега ќе биде повисока од 20 илјади, рече Битиќи.

Тој повтори дека граѓаните заслужуваат повисоки плати, а Законот за плати на кој во моментов се работи конечно ќе доведе до ред во начинот на вреднување на работникот во јавниот сектор.

-Покрај минималната плата, растат и пензиите. Пензиите ќе пораснат со 8,4% во март, а пензиите ќе продолжат да растат и во септември и наредниот март…. Нема да се креваат пензиите само со 500 денари и тоа пред избори како што се правеше во минатото, истакна Битиќи.

Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%.

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата.

Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите.

Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%.

Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Усогласувањето на Септемвриските пензии кои се исплатија со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот односно усогласувањето беше во висина од 6.8%, (порастот на плати 6,6% а порастот на трошоци за живот 6,9%) со што просечната пензија од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.

Усогласувањето на Мартовската пензија согласно методологијата ќе се зголеми за 8,4 % (пораст на плати 6,1 и пораст на трошоци за живот 10.6%) со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари, соопшти МТСП.

Највисоката пензија во државата во декември 2022 година изнесувала 64.394 денари, а корисници биле 74 пензионери. Оваа група на пензионери во март ќе добијат зголемување за 5.409 денари, односно пензиите ќе им изнесуваат најмалку 69.803 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *