ФОКУС ОТКРИВА: Ова е ПРИЧИНАТА за cмpтта на 20 – годишното момче од Радовиш кое почина откако беше уапceно
Од преголема количина kokaин почина 20-годишното момче кај кое полицијата најде мариxyaна по извршен претрес во неговиот дом.
Како што дознава „Фокус“ од неофицијални извори момчето го проголтало kojaинот за да го скрие од полицијата.
Обдукциjaта треба да покаже колкава количина kokaин завршила во неговиот организам.
Неговите витални функции престанале уште пред да биде донесен во болница. Додека траело апсењето на момчето, му се слошило и бил однесен во штипската болница, но веќе било доцна.
Од болницата за „Фокус“ велат дека попладнето го примиле В.А. дека се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.
Претходно во билтенот на МВР беше објавено 20-годишникот починал откако му се слошило по извршен претрес.
„На 16.03.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека во Клиничката болница Штип починал В.А.(20) од Радовиш, на кого му се слошило, откако претходно бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од
Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Радовиш по извршен претрес во неговиот дом во Радовиш, со судска наредба, при кој била пронајдена мapихуана” – информираа од МВР.