Млад Албанец од Македонија: Ако сакате да веете знамиња од други држави, тогаш одете таму бидете министри, директори, градоначалници…

Млад Албанец од Македонија: Ако сакате да веете знамиња од други држави, тогаш одете таму бидете министри, директори, градоначалници…

Млад Албанец од Македонија објави Фејсбук статус преку кој максимално искрено им ја кажа вистината на сите.

Текстот продолжува после спонзорираната реклама.

Целиот Фејсбук статус на Умејр Муамеди ви го пренесуваме во целост:

Не ми е јасно како се дозволува во институција на Р.Македонија да се истакнуваат знамиња на други држави.

Зимаш плата од оваа држава (плус патувања, кола службена итн ако си во повисока функција) а во канцеларија носиш знаме од Албанија, САД, Турција, Србија итн.

Зошто тогаш не одите во тие земји да бидете директори, министри, градоначалници итн?

Приватно можеш да се чувствуваш како сакаш но Држава и Националност се два различни поима.

Немам почит за ниту еден министер, директор, градоначалник итн, кој дозволува во инстутицијата со која раководи да се истакнуваат знамиња различни од државното знаме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *