„СИНОВИ, ЗАСТАНЕТЕ, ВЕ ЧЕКА НЕУТЕШНИОТ ТАТКО ЉУБОМИР“ Пензионер напиша писмо во весник за своите деца кои повеќе не доаѓаат кај него – Чита и плаче цела Србија
Љубомир, како се вели, во повеќе од емотивно писмо упатено до неговите синови, им постави едно едноставно прашање – каде сте?
БЕЛГРАД – Цел живот трчаме по кариера, пари, подобра иднина, а во тоа трчање често забораваме на оние кои ни дадоа ветер во едрата и ги пружија рацете кога ни беше најпотребно – нашите родители.
Токму затоа писмото на татко од Србија се чита со огромна грутка во грлото и солзи на образите. Имено, Љубомир, како се вика, во повеќе од емотивно писмо упатено до неговите синови, им постави едно едноставно прашање – каде се?
Каде се тие денес, кога тој е стар и вдовец, желен да разговара со своите синови, кои, судејќи по неговата приказна, имаат време за се освен за него поради неизбежноста на животот во модерното време.
Писмото на Љубомир објавено на порталот „Политике“ го пренесуваме интегрално:
Каде сте? До каде сте стигнале?
Чекам. Доаѓавте од далеку и јас сум ви благодарен. Чекам да застанете, пак. Накратко. Секогаш брзате. Треба да се одморите. И да се видиме.
Ајде да се гушнеме. Чувствувате, знаете дека татковото сонце заоѓа. Дека неговата светлина есе гаси. Дека темнината се приближува. Затоа што јас поради староста очекувам да одам на вечен сон. Мое време е.
Затоа ви зборувам, синови мои. Настанати од мене и мајка ви, од нашата крв, дух и душа. Никогаш не заборавајте го тоа. Се додека живеете.
Синови. Вие поминувате оттука, каде што сега престојувам. Не поминувајте без да ме посетите. Знам, брзате да го прегрнете семејството. Нека биде среќно. Така треба да биде.
Но, синови, возите и бркате со часови. Не застанувате. Поминувате покрај татко ви. Стоп. Да ме видите за миг и да ме гушнете. Дајте ми насмевка, разубавете ја старата душа. И да се одмори. Синови, застанете и овој пат. Весакав. И јас сум сам.
Вашата сакана мајка, мојата прекрасна сопруга, ја снема рано. Таа заминува и никогаш да не се врати. Таа отиде во вечен одмор. Оставени сме да тагуваме. Постојано ми се вртат вашите зборови упатени до мене, дека не вреди ниту да плачам, ниту да леам солзи, затоа што не можеме да ја вратиме нашата мајка, мојата сопруга, од вечниот сон.
Синови, застанете да ме видите, поздравите, прегрнете.
Застанете. Ве чека неутешниот татко Љубомир.