(ВИДЕО) Еден човек загина, а 6 се повредени во масовна тепачка со секири и мотики на пазар во Бугарија
Еден човек загина, а шест лица се повpeдени во масовна тепачка што се случила на пазарот во бугарскиот град Казанлак.
Според бугарските медиуми, една жена има скршена рака, а двајца мажи се во кpитична состојба.
Повpeдените се пренесени во Ургентниот центар во Казанлак.
Инци дентот се случил попладнево на пазарот во градот. Група мажи се степале со секири и мотики.
Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот.
Околу 14 часот денеска 30-тина лица се степале на паркингот зад кооперативниот пазар.
Две групи од селата Тажа и Манолово, во општина Павел Бања, имале семејна расправија, а потоа дошло до крвопролевање.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ