Нов ужас во Србија – Девојка со нож си ја исекла другарката по грб: Детали за нападот во основното училиште во Зрењанин
14-годишно девојче денеска со нож си ја расело другарката во тоалетот на основното училиште во Зрењанин.
Инцидентот, се случил во Основното училиште „2. Октобар“ во Зрењанин околу 10:40 часот. Како што дознаваме, девојката била исечена во грбот.
Девојчето било примено во болница во стабилна состојба. Откако и била укажана помош во Ургентниот центар во Зрењанин, била пуштена да се опорави дома.
Истрагата е во тек.