(Видео) Пијан маж се соблекол, легнал на патот и симулирал пливање: жителите на Градишка во шок

(Видео) Пијан маж се соблекол, легнал на патот и симулирал пливање: жителите на Градишка во шок

Жителите на Градишка ги шокираше необична глетка кога пијан маж целосно се соблекол, легнал на патот и симулирал пливање.

За овој настан вчера се огласи и полицијата, која соопшти дека во Градишка е уапсено лице со иницијали Н.В.. Тој пијан се соблекол гол и почнал да „плива“ на коловозот, пишува „Српскаинфо“.

За време на тестирањето, нивото на алкохол во крвта му било 1,42 промили.

Видеото погледнете го ОВДЕ(клик ТУКА)

Во полиција вчера во 17 часот и 30 минути било пријавено дека на улицата „Видовданска“ во Градишка, непознато машко лице голо лежи на коловозот.

„Уапсениот, кој се сомничи дека го нарушил јавниот ред и мир и се движел под дејство на алкохол на улица, ќе биде изведен пред Основниот суд Градишка за понатамошна постапка“, се наведува во соопштението.

На социјалните мрежи брзо се прошири видеото од гол маж како трча по главната улица во Градишка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *