БОЖЈО ЧУДО: Две лица спасени во Турција речиси 198 часа по земјотресот – еве како се спасиле

БОЖЈО ЧУДО: Две лица спасени во Турција речиси 198 часа по земјотресот – еве како се спасиле

17-годишник по име Мухамет и неидентификуван маж денеска беа спасени живи од урнатините на станбен блок во турската провинција Караманмарас, речиси 198 часа по минатонеделниот разорен земјотрес, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Во извештајот беа прикажани спасувачи кои ги носат двете лица, врзани на носилки, до амбулантни возила.

Спасувачите работеа во текот на ноќта за да ги спасат луѓето под урнатините осум дена по најтешкиот земјотрес во Турција во модерната историја, но надежите за пронаоѓање на уште многу преживеани исчезнуваат.

Но, други се подготвуваат за неизбежното намалување на операциите бидејќи ниските температури ги намалија и онака малите шанси за преживување, при што некои полски спасувачи најавија дека ќе заминат утре.

Во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди на 6 февруари и последователниот потрес загинаа повеќе од 37.000 луѓе во Турција и Сирија.

Нов Зеланд денеска прогласи национална вонредна состојба по трет пат во својата историја, бидејќи циклонот Габриел предизвика големи поплави и лизгање на земјиштето, принудувајќи евакуација на луѓе.

Откажаните летови заглавија илјадници луѓе, додека стотици илјади останаа без струја. „Сериозноста и широчината на штетата што ја гледаме не е забележана во една генерација“, рече премиерот Крис Хипкинс на денешната прес-конференција, додавајќи дека Австралија и Британија ветија поддршка.

Околу 225.000 луѓе останаа без струја, додека десетици супермаркети се затворени, а Хипкинс ги повика Новозеланѓаните да не паничат да купуваат материјали.

Киеран МекАнулти, министер за управување со вонредни состојби, рече дека Нов Зеланд сега минува низ најтешкото невреме и оти се очекуваат повеќе дождови и силни ветрови. Земјата страда од големи поплави, одрони и оштетувања на патиштата и инфраструктурата, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *