Четврти земјотрес во Србија! Еве каде бил епицентарот на земјотресот со јачина од 5,7 степени

БЕЛГРАД – Посилен земјотрес е почувствуван во Белград во 14 часот и 18 минути, особено на повисоките катови.

Земјотресот бил почувствуван и во остатокот од Србија.

Според списокот на Сеизмолошкиот институт на Србија, апаратите регистрирале силен земјотрес во соседна Романија со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Тресењето на земјата во епицентарот е забележано во 14 часот и 16 минути по наше време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *