Се појави ново CKAHДАЛОЗНО ВИДЕО: Стефан Лазаров се смее на cмpтта на Тоше Проески (Видео)

Се појави ново CKAHДАЛОЗНО ВИДЕО: Стефан Лазаров се смее на cмpтта на Тоше Проески (Видео)

Се уште не стивнуваат реакциите по скандалозното интервју на Латас кај Стефан Лазаров, а во меѓувреме на социјалните мрежи се појави и видео кое повторно ја покажува негативната страна на јутуберот.

Во видеото кое брзо стана актуелно и кое е снимено подолго време пред интервјуто со Латас.

Стефан Лазаров се смее за cмpтта на Тоше Проески.Имено на прашањето да наброи три мртви пејачи, Лазаров го кажува името на Тоше Проески и се паѓа од смеа.

Со него се смеат и едно женско лице и машки глас,истиот што му го постави прашањето.

На крајот од видеото Стефан се извинува, но најверојатно многу доцна.

Инаку случајот со Лазаров и Латас стигна и до обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Од ОЈО неофицијално потврдуваат дека станува збор за обвинение поднесено против Драган Павловиќ-Латас и против Стефан Лазаров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *