Падна одлука! Овие граѓани да си ги проверат сметките, на 27 февруари им стига прилив!
Износот за исплата на пензии ќе расте не само поради зголемување на бројот на корисници туку и поради растот на пензиите.
Според најавите од Владата во март годинава ќе има нова нагорна корекција на пензиите за 6%. Според новата методологија пензиите се усогласуваат два пати годишно, во септември и во март, и тоа за 50 проценти со трошоците за живот и за 50 проценти со растот на просечната плата.
– Пензиите ќе бидат зголемени вкупно 16 проценти за една календарска година. Во мандатот на оваа Влада се зголемени за 10 проценти и тоа е направено без да се зголемат стапките на пензиски придонеси.
Најголемиот дел на средствата – 499 милиони евра се трансфер во ПИОМ што е дополнителен показател за граѓаните дека го одржуваме стабилен Пензискиот фонд – изјави неодамна премиерот Ковачевски најавувајќи нов раст на пензиите.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2023 година.
Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2023 година, а е препорачано деловните банки
да обезбедат на пензионерите да може да располагаат со февруарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.02.2023 година.
Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник)
за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).