НАЈНОВА ВЕСТ: Нов силен земјотрес ја погоди Турција!
Турското тло не престанува да се тресе.
Деталите во продолжение после рекламата.
Нов земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната турска провинција Хатај, јавуваАнадолија.
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Дефне, на длабочина од 10 километри.
Гувернерот на Хатај Рахми Доган за Анадолија изјави дека надлежните служби се на терен.