МАСОВНО ТРУЕЊЕ НА ПОЛИЦАЈЦИ: “Повраќале и паѓале во несвест во канцелариите, тоалетите, ходниците” – Ужac во Загреб

МАСОВНО ТРУЕЊЕ НА ПОЛИЦАЈЦИ: “Повраќале и паѓале во несвест во канцелариите, тоалетите, ходниците” – Ужac во Загреб.

Најмалку осум полицајци имале здравствени проблеми откако конзумирале храна подготвена во еден од угостителските објекти на полициската управа во Загреб.

Тројца полицајци побарале лекарска помош, а засега немаме информации дали некој од полицајците е хоспитализиран“, соопшти загрепската полиција, пишува Дневник.хр.

Сите вработени кои побарале лекарска помош, додаваат, консумирале храна подготвена во ресторанот на Петрињска 30 (на локацијата на ресторанот и храна доставена во мензата на Нехајска 7).

„Веднаш по сознанијата, работата на локалот е прекината до натамошно известување, изготвени се мостри од храна за анализа, а за настанот се известени санитарната инспекција и Институтот за јавно здравје. Надзорот на работата на услужниот сегмент поврзан со угостителството е во тек, а согласно сознанијата ќе се спроведат потребните мерки“, посочуваат од полицијата.

Сведоците опишаа ужасни сцени во рок од 24 часа откако неколку полицајци од Загреб, наводно, биле отруени со расипани компири.

„Беше страшно, луѓето повраќаа и се онесвестуваа во тоалетите, дури и во канцелариите, ходниците“, велат очевидци од неколку полициски станици.

Очигледно, проблемот бил неправилното складирање на компирот, кој содржел прекумерна количина на отровот соланин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *