Паника на Детска клиника: Примиле дете суспектно на тyбеpкулоза – во ризик од заpaза останатите деца пациенти
На Детската клиника во Скопје доцна синоќа било донесено дете во тешка состојба, кое било итно префрлено од болницата Козле дознава „А1он“. Детето како итен случај е сместено во одделот за интезивна нега на детската клиника и е ставено на машина.
Се работи за деветмесечно бебе кај кое постои сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза. За проблемот да е поголем според нашите информации и мајката на бебето е со потврдена дијагноза и се лекувала од туберкулоза.
Бебето е интубирано и ставено на машина во сала во одделот за интезивна нега. Проблемот е што во овој момент според нашите информации во истиот тој оддел има уште 7 деца кои се најтешки случаи и се исто така поврзани на машини за оддржување.
Туберкулозата е тешка заразна болест и родителите на децата згрижени на Детската клиника стравуваат дека нивните и така болни деца, можат да се заразат и нивното здравје дополнително да биде влошено.
„А1он“ побара информации и од Детската клиника и добивме потврда од директорката Стoјка Нацева-Фуштиќ дека таков пациент е примен доцна синоќа, но вели не постои никаков ризик за другите пациенти.
– Примено е деветмесечно бебе во животно-загрозувачка состојба и точно е дека добивме анамнестички податок дека мајката се лекувала од туберкулоза, но кај бебето нема никаква информација и не е докажано дека е болно од туберкулоза. Односно не постои за него медицинска документација дали белодробната – респираторна слабост која ја има се должи евентуално на туберкулоза, вели за А1он Нацева-Фуштиќ.
Мајката и бебето се од Куманово. Бебето е со знаци на тешка неухранетост односно тежи само 3 килограми што е премалку за неговата возраст. Од Куманово прво е препратено во болницата во Козле, но бидејќи таму немаат можности за згрижување на пациенти на кои им е потребна интубација и поврзување на машина, доцна синоќа е однесено во детската клиника.
– Ние моравме да го примиме детето и да се обидеме да му го спасиме животот, но ги преземавме сите потребни мерки откако добивме информации дека мајката е болна од туберкулоза“ вели Нацева-Фуштиќ.
Сепак според директорката дури и да е детето заболено од туберкулоза, како што вели „нема никаков ризик за останатите пациенти или персонал иако бебето првично е примено и интубирано во одделот за интезивна нега каде лежат и други деца“.
– Прво да појасниме дека дури и да е болно од туберкулоза и да се заразило од својата мајка, бебињата не се преносители на оваа заразна болест. Тие не кашлаат и нема опасност од пренос на бацилите.
Дополнително детето е сместено во посебна изолирана соба, за него се грижи една медицинска сестра која е опремена со сета заштитна опрема, маска, ракавици и слично. Значи детето е во посебна изолација и нема никаков ризик за другите пациенти и персонал, објаснува д-р Нацева-Фуштиќ.
Според неа дополнително ќе се прават одредени тестови за да се утврди дали или не деветмесечното бебе е заразено со туберкулоза.