Први снимки од новиот силен земјотрес во Турција, луѓето во паника бегаат на улица

Први снимки од новиот силен земјотрес во Турција, луѓето во паника бегаат на улица

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри од Малатија, на длабочина од 5 километри.

ЕМСЦ малку порано соопшти дека јачината на земјотресот била 5,5 степени и дека се случил на длабочина од 10 километри.

На интернет се објавени првите слики по новиот силен земјотрес.

На нив се прикажани луѓе кои истрчале на улиците во страв од уривање на згради.

Засега нема информации за евентуални повредени и жртви.

Турските власти изминатиот викенд објавија дека се уапсени 184 лица осомничени дека се одговорни за уривање на згради по земјотресот на 6 февруари и дека истрагата се проширува.

Да потсетиме дека во разорните земјотреси што ги погодија Турција и соседна Сирија на 6 февруари, загинаа повеќе од 50.000 луѓе, пренесе Блиц.рс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *