Драгана Мирковиќ дозна за страшната дијагноза, семејството е со неа.
Фолк пејачката Драгана Мирковиќ е една од најнаградуваните пејачки и најпозната на Балакнот. Таа ги оставрила сите свои сонови во текот на кариерата.
Со сопругот Тони Бијелиќ, синот Марко и ќерката мануела живеее во раскошна вила во Виена, а како што изјавила има доволно пари за повеќе никогаш да не излезе на сцена.
– Живеам надвор од земјата, имам прекрасен брак и семејство. Живеам прекрасен живот, одам на патувања, добив се тоа што го сакав дури и повеќе од тоа. Не постои ништо поради што би морала да работам, освен љубовта кон публиката, изјавила фолк пејачката.
Драгана Мирковиќ живее живот на кој многумина и завидуваат. Зад себе има завидна кариера, две успешни деца и брак кој важи за еден од најхармоничните на јавната сцена.
Успехот и славата не ја променија ниту малку, но деловните обврски го оштетија нејзиното здравје.
Пред неколку години Драгана открила дека тироидната жлезда и е оштетена до тој степен што ќе мора да зема лекови до крајот на животот.
Иако нејзината кариера беше проследена со успеси, хитови и безусловна љубов на публиката, неизбежно имаше стрес.
Пејачката е убедена дека токму тоа било поттик за нејзината болест.
– Проблемот со тироидната жлезда настана бидејќи многу работи премолчев.
Навистина знае да биде болно кога имаш грутка во грлото и кога сакаш да зборуваш, но не си дозволуваш да кажеш или да одговориш.
И ти знаеш се, и се ти е јасно, и сите знаат се и сите молчиме – рече таа.
Болеста на Драгана Мирковиќ целосно го промени начинот на живот на пејачката.
Бидејќи е позната како личност која води здрав начин на живот, не и било тешко да го промени начинот на исхрана.
А освен тоа, морала да зема терапија за да ја држи болеста под контрола.