(BOЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Девојче од САД изгризано од питбул, има 1000 конци на лицето: „Никогаш повеќе нема да може да се насмее“.
На 18 февруари питбул нападна шестгодишно девојче од американската сојузна држава Мејн и и нанесе такви повреди што, според лекарите, никогаш повеќе нема да може да се насмее.
По нападот, Лили Нортон итно била пренесена во Бостон на операција, која траела 11 часа и добила 1.000 конци во лицето.
„Нејзините плунковни жлезди не работат. Лекарите рекоа дека нема да може повторно да се насмее. Мускулите се премногу оштетени”, рекол семејниот пријател Си Џеј Пичер, според Њујорк пост.
Трагичниот настан се случил на 18 февруари кога Лили била кај пријателка чија мајка чувала питбул.
„Тие отидоа да играат карти на масата. Таа седна, а нејзината пријателка отиде и ги зеде картите. Кога пријателката се врати во собата, таа почна да вика.
Го виде кучето како ја зграпчува Лили“, рече мајката на девојчето, Дороти Нортон за News Center Maine.
Мајката на нејзината пријателка итно ја однела Лили во блиската болница, по што со хеликоптер била пренесена во Бостон.
„Таа е толку живо девојче. Таа сака да е надвор. Ни сега не ги мрази сите кучиња, барем така ми кажа.
Едноставно повеќе не сака да го види оној кој ја нападнал“, изјавила нејзината мајка.