Верувале или не: Теа Таировиќ за четири месеци ќе заработи дури 559.000 евра, ЕВЕ КАКО!
Пејачката Теа Таировиќ се избори за своето место на домашната јавна сцена, а како што пишуваат тамошните медиуми цената на нејзиниот настап драстично се зголемила.
Со оглед на огромната популарност што ја стекна, Теа моментално заработува повеќе од многу нејзини колешки кои подолго време се занимаваат со пеење.
Според извор за тамошните медиуми, Таировиќка за настап добива во просек по 13.000 евра, а бидејќи од 21 јануари до 27 мај има закажано дури 43 настапи, висината на нејзината заработка ќе биде 559.000 евра, според „ Блиц“.
„Кога таа објави нови песни минатата година, хонорарот на Теи се зголеми повеќе од двојно. Каде и да се појави ги полни клубовите и прави одлична атмосфера!
Затоа газдите не се каат што добро ја платиле, бидејќи знаат дека нејзините настапи се многу посетени“, вели изворот и додава:
„Нејзиниот хонорар не е секаде ист. На пример, кога ќе пее „овер“, може да земе 15.000 евра! Таа е многу барана во Хрватска, Босна, Словенија, но и во Бугарија, Германија, Швајцарија, Австрија…“
Таировиќка еднаш изјави дека заработката не и е приоритет.
„Менаџерот често ме критикува и сака да полуди кога ќе му кажам дека парите не ми се важни. Оваа работа ја работам за љубов, но и за слава.
Ме запали успехот, не бројам пари“, изјави тогаш таа, а во видеото под текстот можете да го дознаете рецептот на Теа за добра заработка.
Видеото погледнете го ОВДЕ(клик ТУКА)