Гробари со жестока навреда кон цела Македонија- Комити е српско име, а Гоце Делчев Бугарин – Комити возвратија!
Откако го дочекаа Вардар во Белград со грчко знаме, навивачите на Партизан, Гробари уште повеќе ја испровоцираа цела Македонија, со паролата што ја истакнаа на вечерашниот меч, патем скандирајќи навредливо – Стара Србија, никад Македонија.
Гробари истакнаа парола со жестока навреда кон цела Македонија, посочувајќи дека зборот Комити е српско име, а Гоце Делчев Бугарин…
„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата”, стоеше на паролата на Гробари.
После неколку пароли од домашните фанови со кои испратија провокации до македонскиот народ, „Комити“ кои допатуваа во Белград да го бодрат својот тим возвратија.
За „Гробари“ ова не е првпат да провоцираат на ракометен натпревар против македонски тим, откако на средбата со Еурофарм Пелистер пред една година скандираа „Јужна Србија, никогаш Македонија“.