Професорката Весевска со статус на денот: Пукаме по сите шавови…
Професорката од Филозофскиот факултет Ирена Весевска со Фејсбук статус на денот:
Пукаме по сите шавови. Имаме бомби и неписмени генерации, имаме археолошки локалитети што се копаат со багери и културно наследство без кровови и врати, имаме урбанистички хаос, имаме политичари wannabes инфлуенсери…
Немаме систем, немаме долгорочни планови и стратегии, немаме функционални институции, немаме мерки и закони. Немаме леб и немаме држава.