ГОЛЕМО БРАВО: Во ОВОЈ град во Македонија ЦЕНАТА на лебот е намалена на 30 денари!

ГОЛЕМО БРАВО: Во ОВОЈ град во Македонија ЦЕНАТА на лебот е намалена на 30 денари!

Додека другите сопственици на пекари во Македонија се бунат за замрзнатата цена на лебот на 33 денари и денеска во поголем дел од маркетите рафтовите беа полупразни поради тоа, во овој град дел од сопствениците цената дури и ја намалија.

Текстот продолжува после рекламата.

Нема леб од 33 денари на Рафтовите во маркетите и пекарите кои денеска останаа полупразни. Но, затоа полиците со поскап леб беа полни. Граѓаните зачудени, бараа поевтин леб, но не најдоа.

Револтирани се што не се почитува мерката на Владата а пекарите го стопираа производството

Вријат и социјалните мрежи. Дел од коментарите иронични како кризата и желбата за профит удри по граѓаните. Некои препорачуваат наместо леб да се јаде бурек, а други пак граѓаните да почнат да месат леб.

– Ако нема дома ќе си месиме ништо страшно.

– Ќе си јадеме чоколадца… па идемо во ЕУ.

– Нокти правење нема више, од денес леб ќе се меси.

– Купете брашно и месете леб нема поубаво од тоа.

– Не мора да јадеме леб ќе јадеме бурек и банички.

Пазарните инспектори се на терен во засилени контроли дали се почитува Владината мерка за замрзнување на цената на лебот на 33 денари.

– Инспекторите се на терен и вршат надзори во однос на одлуката што ја донесе Владата за замрзнување на цената на лебот. Кога ќе завршат со контролите ќе има сублимација на информациите. – велат од Државен пазарен инспекторат.

Од вчера пенхрамбените компании ја изгубија и субвенционираната струја бидејќи досега не ја намалија цената на производите.

Во одредени штипски пекари, откако Владата ја замрзна цената, цената на лебот е значително намалена, објави МИА.

Според Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, одредени пекари ја намалиле цената на лебот и за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.

„Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има“, вели Малинов за МИА.

Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите, пренесува агенцијата и потсетува дека одлуката на Владата ќе важи до крајот на мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *