УЖAC: Граѓани со автомобил влечат коњ низ скопските улици (ВИДЕО)
Видеото од граѓани од Скопје како влечат коњ врзан за автомобил низ скопските улици ја згрози македонската јавност.
Какви луѓе прават вакво нешто?
Граѓаните згрозени и гневни од ваквиот чин со бурни реакции на социјалните мрежи.
Каде е полицијата; Веднаш да се најдат по регистрацијата, се гледа на видеото и да бидат казнети; Добро бе- што народ ќе бевме? Луѓе ли сме ние? Имаме ли душа? – се само мал дел пд коментарите.
Целиот текст продолжува после рекламата.
На интернет беше објавена снимка на која може да се забележи како граѓани со автомобил влечат коњ низ скопските улици.
Животното во еден момент паѓа на улицата, по што автомобилот продолжува да се движи и го влече по него, додека не почна реакцијата од останатите возачи.
Потоа излегуваат тројца луѓе за да го кренат животното, а потоа продолжуваат да го влечат.
Погледнете го видеото во продолжение: