Срцето му пукна кога слушна за смртта на брат му – мајка во еден ден ги загуби двата сина: Голема трагедија ја потресе Србија

Целата содржина од овој текст во продолжение после рекламата.

Срцето му пукна кога слушна за смртта на брат му – мајка во еден ден ги загуби двата сина: Голема трагедија ја потресе Србија

Милисав Максимовиќ (49) починал вечерва еден час откако дознал дека неговиот брат Милан (47) починал во Словенија.

Тој почина, нешто пред 17:00 часот, во дворот од семејната куќа во Липнички Шор кај Лозница.

Милан, инаку глув, беше во Словенија, каде играше натпревари со глувонеми организирани од нивното здружение, што често го правеше.

Тој беше добар фудбалер, кој играше „како млад човек“. Причините за неговата смрт се уште, официјално, не се познати.

По тажната вест се слушаше плач и лелек низ нивната куќа. Милисав во еден момент отишол зад куќата, а бидејќи извесно време го немало, членовите на семејството, соседите и пријателите тргнале да го бараат и го нашле мртов во дворот. Лекарите само констатирале cмрт.

Срцето на брат му се „скрши“ од тага – ни изјавија роднините на Максимовиќ од Тршиќ, кои веднаш дојдоа не сфаќајќи дека една трагедија ја следи и друга во исто време.

Живееле во ист двор. Милисав имаше три деца, а Милан две.

Мајката во тага, неверување и болка.

Ни во најлудите соништа не можевме да замислиме вакво нешто – вели чичко Милутин Матиќ од Вуково Тршиќ.

-Какви момци, делии, ликови… утеха нема, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *