(ВИДЕО) Глад во Јемен: Деветгодишната Салва тежи само шест килограми

(ВИДЕО) Глад во Јемен: Деветгодишната Салва тежи само шест килограми

Обединетите нации велат дека по осум години граѓанска војна, на мнозинството Јеменци очајно им е потребна помош. Јемен е меѓу најмалку развиените земји во светот.

Едно од неухранетите деца и жpтва на вojната е Салва која е тешка само шест килограми, иако има девет години.

„Лекарите рекоа дека мора да остане во болница три месеци, но не можевме да ја однесеме бидејќи немавме пари. Сопругот ми е инвалид и во текот на денот не јадеме речиси ништо“, вели нејзината мајка за Ал Џезаира.

Милиони жители се соочуваат со сиромаштија, глад, неухранетост и несигурност.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека страшната криза со глад во Јемен се движи кон на работ на „директна катастрофа“.

Според ФАО, влошување на хуманитарната ситуација во Јемен ќе биде во втората половина од годинава. Се проценува дека рекордни 19 милиони луѓе најверојатно нема да можат да ги задоволат минималните потреби за храна во тој период.

Во Јемен околу 2,2 милиони деца се сериозно неухранети.

Видеото погледнете го ОВДЕ(клик ТУКА)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *