ТАГА и ШОК во семејството на познатата пејачка – CМPТТА ја раздвои од нејзината сестра
Поранешната британска манекенка и пејачка Саманта Фокс важеше за една од најпосакуваните жени на светот, а сега минува низ многу тежок период во животот.
Имено, нејзината сестра Ванеса починала од срцев удар, пишува „Мирор“.
Ванеса колабирала во својот дом во северен Лондон, по што била пренесена во болница.
Тоа се случило пред девет дена и семејството верувало дека ќе успее да преживее, што, за жал, не се случи.
„Сем би сакала да им се заблагодари на прекрасните лекари и медицински сестри за нивната грижа и поддршка. Таа и нејзиното семејство во овој момент бараат приватност“, изјави претставникот за медиумите на Саманта за The Sun.
Поранешната манекенка и нејзината сестра беа исклучително блиски.
Слична трагедија преживеа и во 2015 година, кога нејзината партнерка почина.
Таа беше во долга врска со нејзината менаџерка Мајра Стратон, која во 2015 годни не успеа да се избори со рaк и почина.
Минатата година на 56 годишна возраст, Саманта Фокс се венчаше со својата партнерка Линда Олсен