НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Двојно y6иство во Скопје вечерва – У6иен познат кpиминален бос
Двојно y6иство се случи вечерва во стара чаршија во Скопје, дознава А1он.
Според информациите на А1он y6иството се случило пред околу половина час во близина на кафе барот „Шиша бар“
Како што за А1он тврдат очевидци, во близина на кафулето y6иени се две лица, а според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на kpиминалното подземје.
За едниот од нив очевидци тврдат дека се работи за извесен kpиминален бос – Јетон викан Жила.
Од МВР засега единствено потврдуваат дека имало пукање во скопската чаршија, но нема повеќе детали, односно повеќе информации најавуваат набрзо откако полицијата ќе направи првичен увид на местото.