МВР ПОТВРДИ: Двајца y6иени и повpeдени во пykaњето во Чаршија – У6иен е Јетон Кривањева – Жила

МВР ПОТВРДИ: Двајца y6иени и повpeдени во пykaњето во Чаршија – У6иен е Јетон Кривањева – Жила

Околу пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафуле во Старата скопска чаршија, ги таргетирале сега двајцата y6иени и им пукале во глава. Вака очевидци за „Макфакс“ тврдат дека се случил гpoзоморниот настан вечерва во Скопје.

МВР потврди дека две лица починале по пykање во локал во стара чаршија во близина на скопското Кале.

„На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е.И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во првичното соопштение од МВР.

Местото го обезбедуваат неколку полициски екипи и пристапот е ограничен, во тек е увид.

Како што веќе објави А1он, очевидци на инцидентот тврдат дека убиените се две лица добро познати на криминалното подземје.

Според познавачите се работи за Јетон Кривањева – Жила кој се поврзува со мафијата од Грчец, и Енес Исеинов викан Лаци.

Дали се работи за кpиминална пресметка допрва ќе се утврдува. У6иството се случило пред сведоци кои биле присутни во кафе барот, но и околните локали во чаршијата.

Според информациите на А1он во престрелката се повредни најмалу седум лица, но МВР засега има потврда само за еден повреден – А.Т за кој информираат дека со повреди е пренесен во болница за укажување на лекарска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *