Новинарот Златев за y6иството: На сред центар на град, крајно професионално и без колатepaлна штета

Новинарот Златев за y6иството: На сред центар на град, крајно професионално и без колатepaлна штета

Новинарот Љупчо Златев со хронолошки приказ на y6иството кое се случи вчера во Скопската чаршија. Вели дека ова y6иство е системски испланирано, направено на сред центар на град, крајно професионално и без колатерална штета.

-Верувајте, вакви операции се претешки. Не е можно да се рандом пишт олџии…, констатира новинарот.

Неговиот став ви го пренесуваме во целост:

1. Влегуваат во локалот облечени како специјалци.

2. Прво влегуваат во мониторинг собата, ги гасат камерите.

3. Се упатуваат кон делот на локалот каде што седат двајцата кои треба да бидат y6иени. Извикуваат “Рација!!!” и ги y6иваат само нив двајца, никој друг. Еден случаен им се спротиставува, за него немаат задача да го y6ијат.

Му пукаат во потколеница и во пета, поточно два кypшуми во нозе, “Седи мирен и чао”. Колатерална штета = 0. Обично кога пука мафиja секогаш има голема колатерална штета.

4. Излегуваат од локалот, се качуваат во црното Ауди А6, возат со него кон Шутка. Застануваат на улица Вашингтонска на која нема буквално никаква камера (ни државна, ни приватна, од куќа што снима).

Го палат автомобилот со бензин за да нема траги и ДНК, ги вадат маските, се качуваат во нов автомобил и сега никој не знае каде се.

Буквално може да се кај вас во маало утрово, може да се во хотел, ако се од овде може да си отишле дома кај семејствата, може да се во државава или надвор. Тоа никој не знае и нема да дознае. Веројатно никогаш нема да дознаеме кои се. Ќе читаме после години дека уште не е расчистено y6иството на Жила и Лаци…

5. Сите параметри кои ги наведов горе говорат за огромно ниво на професионализам кој мафиja го нема. Мафиja да беше она ќе беше циркус, а не вака системски испланирано. Ова е метод на држава, само не верувам дека е нашава.

И да не е држава, ангажирани се професионалци, ова е направено на сред центар на град, крајно професионално и без колатерална штета. Верувајте, вакви операции се претешки. Не е можно да се рандом пишто лџии…

5. Сега ќе пуштат муабет дека е овој или оној, па ќе се требат меѓу себе. Ќе се зборува за вojна помеѓу мафиjaта… На истите овие по дојава на ДЕА во Грчец им влезе обвинителство и полиција. Дpoга не се најде, затоа што некој од внатре во нашиот систем им дал дојава… Еве сега, ова…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *