ТАЖНА ВЕСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Почина познат доктор!
Тажната вест беше објавена од фејсбук страницата ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, објава со која се простија од својот долгогодишен соработник и еминентен доктор.
Нивната објава ви ја пренесуваме во целост:
Почина нашиот драг колега др Михаил Шорко.
Др Шорко најголемиот дел од својот работен век го помина во нашата установа, оставајќи свој влог во развојот на кардиологијата и кардиорехабилитацијата.
Во негова чест утре 06.03.2023 година во 11часот, во просториите на нашата установа ќе се одржи комеморација.