(ВИДЕО) Се судрија два авиони над Гвидонија Монтеселио околу 35 километри од Рим – ЗАГИНАА и двајцата пилоти
Двајца пилоти загинаа кога воените авиони со кои летаа се судрија над Гвидонија Монтеселио, околу 35 километри североисточно од Рим.
Едниот од лесните авиони се урна на земја во воздухопловната база Гвидонија, а другиот на паркиран автомобил на улица.
Освен пилотот, во авионите немало други лица, јавуваат италијанските медиуми. Несреќата се случила за време на тренинг.
Очевидци за италијанските медиуми изјавија дека четири авиони летале во формација кога се судриле два.
Премиерката на Италија Џорџија Мелони во име на владата изрази сочувство до семејствата на пилотите и целото воздухопловство по трагедијата.
Се истражува како дошло до несреќата.
#Italy #italien #planecrash #Rome
Two Italian Air Force training planes collided near Rome, both pilots died pic.twitter.com/93YIImgPkS— 𝕽𝖔𝖓𝖎𝖓 🔞 (@oldirtyronin) March 7, 2023