Сакате од 15 април да имате ПЛАТА и до 2.000 евра? Не чекајте, ПРИЈАВЕТЕ се на еден од овие ОГЛАСИ!
Ровињ, Башка Вода, Црквеница, Слеце, островот Пашман, Биоград на Море, Сенј, Камп Раца се хрватските туристички места за кои се бараат работници за претстојната туристичка сезона.
Во еден оглас кој се споделувва на социјалните мрежи, платите кои се нудат се движат од 1.000 евра па се до 2.000 евра.
Се бараат искусни кувари кои месечно ќе заработуваат од 1.500 до 2.000 евра, помошниците ги следува плата од 1.200 до 1.500 евра.
Доколку знаете да правите пици, тогаш може да очекувате месечно да заработите и до 1.600 евра.
Се бараат и келенери, за кои се нудат плати од 1.000 до 1.300 евра, плус бакшиш од услужените гости, кој може да биде и голем доколку имате искуство и го познавате англискиот јазик.
Се бараат и шанкери, коктел мајстори, помошници во кујна, помошници кленери, собарки, платите за овие работни позиции се движат помеѓу 1.000 и 1.400 евра.
Доколку сакате да работите во Ровињ, ресторан има потреба од персонал – помошник кувар, со плата од 1.100 до 1.400 евра; помошник во кујна, со плата од 1.000 до 1.300 евра.
Ресторанот има потреба и од келнeри, за кои се нуди плата од 1.100 до 1.400 евра, а за помошници келнери од 1.000 до 1.300 евра.
Работното време кое се наведува во овој оглас за позициите во Ровиљ е 10 часа, без притоа да се има право на слободен ден .
Сместувањето е обезбедено од страна на ресторанот и истото се наоѓа на некои 3 до 4 минути растојатние од работното место.
Обезбедувањето на работната дозвола е на товар на огласувачот, кој нагласува дека ќе ви следува и пензиско и здравствено осигурување.
Почетокот на работниот ангажман е во периодот од 15 aприл до 20 август, кој ќе заврши со крајот на туристичката сезона во Хрватска, во октомври месец годинава.
За пријавување потребно е да пратите кратка биографија на овој линк – каде ќе ги најдете и другите потребни детали.