Детали од страшната сообраќајка која утрово ја потресе Македонија: Пожарникари го сечеле возилото да го извадат телото на момчето

Текстот продолжува после рекламата.

Детали од страшната сообраќајка која утрово ја потресе Македонија: Пожарникари го сечеле возилото да го извадат телото на момчето

Кумановската полиција  утрово извести за трагична сообраќајна незгода, која се случила кај наплатната рампа Романовце.

Според Регионалниот ЦУК Куманово пожарникарите од ТППЕ Куманово интервенирале во извлекување на возачот од автомобилот.

-Пожарникарите интервенирале во вадење лицето од автомобилот после тешка сообраќајна несреќа, која се случи во период од 03,35 до 04,15 часот.

Несреќата се случила кога патнички автомобил марка ,,голф” со голема брзина удрил во бетонска ограда на патарина – Романовце на Магистралниот патен правец Куманово – Скопје .

Возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место. ППЕ интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари, информираат од ЦУК.

Министерството за внатрешни работи ги соопшти деталите за сообраќајната несреќа со смртни последици на наплатната станица „Романовце“.

– На 09.03.2023 околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје – Куманово,

патничко возило „фолксваген голф“  со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(24) од Скопје, удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. соопшти МВР.

Како што соопштија од МВР, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Фото: Илустрација 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *