Додека не објавив, никој не знаеше за „Трикафта“, но сè уште не го добив лекот, вели младиот Игор
Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, кој преку фотографии од болнички кревет го побара лекот „трикафта“, вели дека сè уште за него нема лек, иако Владата најави дека се набавува од лекот за лицата болни од цистична фиброза.
– Сè додека не го објавив транспарентот од болинчки кревет, никој не знаеше што е болеста цистична фиброза, ни медиумите, ни македонската јавност, а не пак за лекот „Трикафта“.
А сега кога лекот е тука и на клиниките – јас лекот не го добив. Ги прашува надлежните:
Дали ние останатите ќе го добиеме лекот на врме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна, напиша Пехчевски на Фејсбук.
Претходно беше најавено дека на седница во Собранието на 16 март на дневен ред ќе бидат законски измени кои ќе овозможат директно да се преговара за набавка на лек кој има единствен производител што го има патентирано лекот.
Тоа е иницирано за да може директно од производителот да се набавува лекот Трикафта за болните од цистична фиброза, но ќе важи и за сите други лекови кои имаат единствен производител.