Инспекторите на терен, малолетниците фатени на дело: Се коцкале во казино
Во текот на изминатата вечер (10/11.03.2023) во периодот од 22.00 до 05.00 часот полициски службеници од СВР Скопје заедно со Управата за јавни приходи,
Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.
При контролата затекнати се две малолетни лица во казина.
Констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење.