Приведен скопјанец, изнудил 2.000.000 денари
Пријавениот со закани во неколку наврати изнудил 2.000.000 денари.
Поради постоење основано сомнение за сторено кpивично дело „Изнуда“ казниво по член 258 од Kpивичниот законик,
полициски службеници од Одделение за насилен кpиминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода 38-годишниот И.Ј. од Скопје.
Како што соопшти МВР, 38-годишниот маж е приведен вчера, во 11.10 часот на подрачје на Кисела Вода постапувајќи по пријава на 20.02.2023 во 19.00 часот од оштетено машко лице од
Скопје дека во временскиот период од август 2022 година до 20.02.2023 пријавениот И.Ј. со закани во неколку наврати му изнудил 2.000.000 денари поради претходен долг на неговиот син.
Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.