НОВИ УБАВИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Пензиите ќе растат и во септември!
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска порача дека Владата не размислува за зголемување на старосната граница за зголемување.
-Кај нас е рано за дискусија. Треба да се работи повеќе бидејќи се менуваат работните места и структурата на економијата. Имаме многу сограѓани кои ќе мораат да се прилагодат на новите потреби на пазарот.
Никој не е против нашите граѓани, ние креираме работни места, но мораме да станеме свесни дека навиките се менуваат. Никој пред 20 години можеше да замисли дека ќе има возило без возач во светот.
Фактот дека веќе навлегуваме во таков сегмент, покажува дека мораме да бидеме поагилни, рече Битиќи во гостувањето во Канал77.
Вицепремиерот порача дека се гордее што во негов мандат ќе го имаме првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, во јавниот сектор.
-Тој ќе замени одредени процеси во јавниот сектор кои што сега луѓето ги прават, додаде Битиќи.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Канал77, кажа дека не се создава дисторзија со растот на минималната плата и дека наскоро преку Законот за плати праведно ќе се исплаќаат вработените во јавниот сектор.
-Со минималната плата не е засегнат само јавниот сектор, туку сите работници во земјава, ои се околу 700 илјади граѓани.
Со растот на минималната плата им помагаме на нашите сограѓани – работниците.
Ќе продолжам да поддржувам раст на минималната плата и нема работникот од тука да биде продаван како евтина работна сила, девет илјади денари беше до пред некоја година минималната плата, а сега ќе биде повисока од 20 илјади, рече Битиќи.
Тој повтори дека граѓаните заслужуваат повисоки плати, а Законот за плати на кој во моментов се работи конечно ќе доведе до ред во начинот на вреднување на работникот во јавниот сектор.
-Покрај минималната плата, растат и пензиите. Пензиите ќе пораснат со 8,4% во март, а пензиите ќе продолжат да растат и во септември и наредниот март….
Нема да се креваат пензиите само со 500 денари и тоа пред избори како што се правеше во минатото, истакна Битиќи.