ФОТО+ВИДЕО: Сообраќајка кај Влада, има и повредени
Предмалку, кратко по сударот на две возила на булеварот „Илинден“ во близина на владата, пристигна и брзата помош која им укажа помош на повредените.
Сударот меѓу возилата марка „сеат ибица„ и „голф“, двете со скопски регистарски таблички се случи околу 14.45 часот попладнево, пренесува „Слободен печат“.
Полицијата ќе изврши увид на местото на сообраќајката за утврдување на причините.