СКАНДАЛ: Не се знае кој по кого тепа – На Фејсбук се појави видео од тепачка на Македонци во Швајцарија
Полицијата со opyжје мораше да интервенира за да ги смири.
Во познатата Фејсбук група предмалку е објавено видео со опис:
Дејан(админот на страната) пушти го ова луѓето да видат што се случувало. Срамота. Коментираат глупости таму, а има и мали деца.
На самото видео може да се види како голем број македонци се соберени на едно место, личи како некоја поголема кафеана со повеќе маси и музика во позадина.
Одеднаш започнува хаос и не се гледа кој по кого удира. Жени и мали деца стануваат и бегаат.
Музиката наместо песна се слуша на микрофонот како се обидува да ја смири ситуацијата.
Видеото наиде на бурни реакции од луѓето во групата каде што е постирано, а ние ви пренесувме дел од нив:
Лошо е кога опинокот ќе се покондури, резил сте!
Ха ха, сигурно се скарале за Грујо и Таче. Абе абдали дали знаете зад себе што оставате. Што народ сме. Деца има таму. Сега за тие што предивикале тепачка одма депорт во МК.
Мајко мила, срам бе. Греота за децата да плачат исплашени. Немам зборови.
Ова се дел од коментарите кои беа под објавата. Каков е вашиот коментар?
Видеото можете да го погледнете во продолжение: