Битолчанка била касната од улична мачка – Еве колку пари доби оштета!
Стружанец шест години чека надомест на штета за напад од глутница кучиња. Основниот суд во Струга донел правосилна и извршна пресуда за надомест во висина од 152.000 денари, но сè уште не му е исплатена, оти комуналното претпријатие немало пари. Правдата, вели ќе ја бара во судот за човекови права во Стразбур…
Основниот суд во Струга донел правосилна и извршна пресуда за надомест во висина од 152.000 денари, но сè уште не му е исплатена, оти комуналното претпријатие немало пари.
Со секојдневен страв, трауми и длабоки лузни по телото, вели правдата ќе ја бара во Стразбур.
„Немаме пари, викаат. Не знам дали треба да си партиски војник за да наплатиш или што е работава. До ден денес никој нема добиено пари. Има и други случаи после мене и тие не можат да наплатат баш контактирав“, вели Драган Пејоски од Струга.
Нападот се случил во 2016 година утрото кога одел на работа. Десеттина чучиња го нападнале и касале по телото, завршил со тешки повреди во болница.
„Цела глутница ме паднаа на земја и почнаа да ме касаат секаде по телото. Јас само се штитев на вратот. Викав помош но немаше никој оти беше рано. Во моментот од зградата излезе еден дечко и почна да мавта со чадорот и ме куртули“, раскажа Пејоски за МТВ.
Струга е една од општините со најголем број бездомни кучиња. Според слободните проценки, по улиците ги има стотици, проблемот се провлекува со години, а бројот на жртви расте. Пред десеттина денови конечно локалната започна акција за хуман третман на бездомните кучиња.
Апелациониот суд во Битола ја потврди пресудата со која беше доделена парична отштета за битолчанка која била искасана од улична мачка додека фрлала ѓубре.
Инцидентот се случил на Нова година во 2001 година кога фрлала ѓубре во контејнер на улицата „Тошо Даскало“ во Битола.
Адвокатот на оштетената битолчанка, Марјан Петровски во разговор за „САКАМДАКАЖАМ.МК“ вели дека жената била нападната од голема мачка, при што ѝ била откината кожа и месо од раката, а била искасана и по нозете.
Битолчанката како отштета добила 50.000 денари, а ова е прв судски случај за напад од улична мачка во Македонија.
ФОТО: Илустрација