Се огласи мајката на момчето за кое проф.Ачковска објави дека е oтpyeн со дpoгга: Моја е вината што останав тука да ги растам децата
Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал неофицијално како последица на дро га ставена во пијалок во кафуле.
Неговите другар и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска.
Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смр тта на младиот тинејџер.
Професорката Ачковска во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смр тни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дро га во кафуле.
„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дро га ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцин ација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоуб иства.
Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смр тта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.
Сузаната Тренчевска, мајката на Јован во еден од коментарите ја потврди информација за смр тта, без дополнителни детали за причината.
„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна.
Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоу биство, затоа што така е најлесно.
Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во коментар.
Скопје Инфо побара информација од Министерството за внатрешни работи од каде се очекува повеќе детали за тpaгичниот случај.
Тие треба да дадат и информаци за тоа дали см ртта настапила како последица од конзумирање дро га.