МВР со резултати од обдукциjaта – ПРИЧИНАТА за cмртта на 18 годишното момче од скопската гимназија “Георги Димитров” е пад од височина
Пад од височина е причина за cмpтта на тинејџерот од скопската гимназија „Георги Димитров“, покажала обдукциjaта, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот крена многу прашина во јавноста, но и шпекулации на социјалните мрежи.
Според нив, смpтта настапила како последица на подметната дpoга во пијалок во кафуле, но такво нешто барем засега се отфрла од МВР.
Ова особено ако земе во предвид дека, како што дознава Телма од свои извори, падот од височина е од зграда во која семејството имало стан, а притоа ниту резултатите од токсиколошките анализи сè уште не се готови.
Тие треба да дадат одговор на прашањето дали кај лицето воопшто имало присуство на психотропни супстанци или не.
„На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т. (18).
Извршен е увид од полициски службеници и по насока на Јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, пришто е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина“, се наведува во соопштението на МВР.
Веста дека на момчето му била подметната дрога во кафуле на социјалните мрежи ја сподели универзитетската професорка Виолета Ачковска. Таа на Фејсбук напиша дека „гимназијалец“ починал под сомнителни околности, кој по бурните реакции што ги предизвика подоцна беше избришан.