Почина познатиот пејач: „Го држев во раце кога не напушти“

Почина познатиот пејач: „Го држев во раце кога не напушти“

Боби Колдвел почина на 71-годишна возраст.

Пејачот и текстописец Боби Колдвел почина на 71-годишна возраст во сон во својот дом во Њу Џерси, по долга борба со тешка и неизлечива болест.

Веста за неговата смрт ја споделија неговите претставници за медиумите, како што пишува Дејли Мејл.

Сопругата на музичарот, Мери Колдвел, се прости од Боби на Твитер и им се заблагодари на сите обожаватели кои застанаа покрај него за време на неговата битка со тешката болест.

„Боби почина овде дома“, напиша Мери на Твитер, додавајќи:

„Го држев цврсто во раце кога не напушти. Јас сум засекогаш со скршено срце.

Ви благодариме на сите за многуте молитви низ годините. Тој беше во нарушено здравје во последните 6 години и 2 месеци. Почивај во мир љубов моја“.

Музичарот беше познат по својот сестран пристап кон музиката, а негов најголем хит во текот на долгата кариера беше песната „What You Won’t Do for Love“.

Според TMZ, пејачот не можел да оди околу пет години бидејќи „се справувал со болни напади на невропатија и пукната тетива на неговиот зглоб“.

Боби Колдвел е роден во Њујорк, а со музика почнал да се занимава во 1960-тите како тинејџер, по што снимил неколку албуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *