Соучениците на Јован имаат различни приказни за трагедиjaта: Беше мирен и повлечен, не беше многу комуникативен

Соучениците на Јован имаат различни приказни за трагедиjaта: Беше мирен и повлечен, не беше многу комуникативен

Низа реакции со сомнежи и изразувања сочувства на социјалните мрежи за случајот со матурантот од скопската гимназија „Георге Димитров“ што е починат, а за кој првично на „Фејсбук“ објави универзитетската професорка Виолета Ачкоска

Нејзиниот пост во кој стоеше дека „гимназијалецот претходно бил отpyeн од дpoга ставена во пијалок во кафуле, со поставено прашање дали се знае и за слични случаи на деца што по халуцинации се фрлале од петти кат“, брзо стана вирален и беше споделуван масовно на мрежите и на порталите, попладнево беше избришан.

Претходно, Ачкоска во телефонски разговор за Канал 5 кажа дека не го познава ниту средношколецот, ниту неговите родители, а случајно некој и раскажал за него, па бидејќи се вознемирила решила да напише јавен коментар на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, учениците со кои матурантот до пред некој ден седел и учел во иста училница, велат дека Јован бил мирен и повлечен, не бил многу комуникативен. Зад камерите и деца од другите класови што не го познавале многу добро, раскажаа дека никогаш не правел проблеми.

Соучениците на Јован имаат различни приказни, ама што точно се случувало со него претходно, нема официјални информации. Од Министерството за внатрешни работи велат дека неговото тело е пронајдено на плочник пред зграда, а обдукциjaта покажала дека причина за смртта е пад од висина.

Официјално, МВР пријавата за случајот ја добиле во неделата, откако било пронајдено безживотното тело на 18 годишното момче во Центар, по што го известиле јавниот обвинител и телото го дале на обдукциja.

На една од објавите на порталите, се огласи и мајката на Јован, но без да сподели дополнителни детали за она што се случувало. Таа пишува дека е тешко да се биде родител во Македонија бидејќи нема помош од институциите.

„Институциите сигурно ќе го затворат случајот како самоybиство, така е најлесно“, стои во нејзината објава.

Сличен случај имаше и пред околу пет месеци, кога на вториот училишен ден гимназијалец од скопското средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ си го одзеде животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *