9-годишниот Максим од Скопје предизвика бура од реакции со својата благородна идеја (ВИДЕО)
Илјадници реакции, споделувања и коментари, над 20.000 прегледи за неколку часа собра видео-приказната на „Радио Слободна Европа“ за Максим Каески, 9-годишниот ученик од Скопје.
Ова момче упати силна порака со својата постапка.
Деветгодишниот Максим Каески веќе неколку години пушта коса. Бидејќи му се допаѓа да е долга како на некои од неговите идоли, но, уште поважно – за кога ќе порасне доволно долга да ја скрати и донира за перика за дете болно од рак.
Вели дека татко му го советувал како да им одговара на оние што го задеваат за изгледот и му го покажуваат патот до женскиот тоалет во училиштето.
Сака музика, фудбал и сѐ поврзано со вселената, а се надева дека неговиот пример за донација ќе го следат и други деца.
Уште неколку сантиметри па ќе закаже термин на фризер, a потоа би ги повторил целиот процес.
Погледнете што вели овој мал скопјанец во видеото ОВДЕ(клик ТУКА)